Домот на Серхио Рамос бил ограбен минатата среда додека тој со Севиља го играл натпреварот против Ленс во Лигата на шампионите.
Разбојници упаднале во неговата куќа, а ова не е прв пат поранешниот капитен на Реал Мадрид да доживее такво нешто.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува сајтот „АБЦ“, се се случило на 20 септември, додека неговата сопруга Пилар Рубио имала деловни обврски во Севиља.
Нивните четири деца биле во станот со нивната дадилка. Крадците незабележано влегле во станот и исто така си заминале со пленот.
Според „Марка“, од станот биле украдени часовници, накит, дизајнерска облека, како и готовина.