Дома Топ вести Ова ќе биде првото засилување на Алегри во Арсенал!

Ова ќе биде првото засилување на Алегри во Арсенал!

Англиските медиуми денес соопштија дека раководството на Арсенал веќе донело конечна одлука и на крајот на сезоната Арсен Венгер ќе го замени со Макс Алегри.

Наводно „топџиите“ веќе постигнале комплетен договор со Италијанецот и истиот наскоро ќе биде официјализиран.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа вест беше потврдена и од страна на италијанските медиуми кои пак тврдат дека Алегри веќе го известил Јувентус и почнал да размислува за летните засилување во својот нов тим.

Наводно, најголема желба на Алегри ќе биде да ги засили средниот ред и одбраната на „топџиите“, а прва мета е играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Милинковиќ-Савиќ игра извонредно оваа сезона во Серија А каде го привлече вниманието на многу големи клубови, а Алегри смета дека ќе биде идеално засилување за Арсенал.

Овој 22-годишен српски фудбалер во моментов преговара за нов договор со Лацио, но јасно е дека нема да одбие покана од еден од најголемите англиски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…