Националните првенства ширум Европа влегуваат во својата завршница, а веќе некои работи се познати.
После овој викенд уште неколку клубови го обезбедија својот директен пласман во Лигата на шампионите наредната сезона. Во европската клупска елита во новата сезона сигурно ќе ги гледаме: Реал Мадрид, Барселона, Баерн, ПСЖ, Манчестер Сити, Ливерпул, Порто, Интер, Милан, Наполи, Борусија, Салзбург, Зенит, Спортинг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако настапот на Зенит се уште е под знак прашалник поради санкциите кон Русија, па ќе видиме што ќе биде во наредните месеци. Голема е борбата за Лигата на шампионитр во Премиер лигата. Челзи е блиску, а жестока борба ќе се води помеѓу Тотенхем и Арсенал.
Гужва е во Германија каде што за уште две места во последните две кола ќе се борат Баер Леверкузен, Фрајбург, Лајпциг, Келн и Унион Берлин. Во Франција, Марсеј, Рен и Монако се борат за уште едното место кое води директно, додека во Шпанија за преостанатите две места во игра се: Атлетико, Севиља, Бетис и Реал Сосиедад.