Вчера добивме уште еден учесник на Светското првенство во Русија, а тоа ќе биде репрезентацијата на Шпанија која успеа на свој терен да ја совлада Албанија со 3:0.
Во таа група се е познато, Италијанците се во бараж, Шпанците директно во Русија. Освојувачите на Светското првенство во 2010. година по 11. пат ќе бидат учесник на Мундијалот во Русија следната година, а пред нив пласман изборија следниве репрезентации:
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Русија (домаќин), Бразил, Иран, Јапонија, Мексико, Белгија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Германија и Англија.
Синоќа, репрезентациите на Англија и Германија успеаа да се пласираат на Мундијалот, а денеска би можеле да добиеме уште неколку учесници од Африка, Северна и Централна Америка и Европа.
Во Европа се играат натрпеварите во рамките на групите А, Б и Х, а тешко дека ќе добиеме нов учесник од нашиот континент, имајќи во предвид неизвесноста во групите А и Б, како и фактот дека во рамките на групата Х, Белгија веќе избори пласман на СП.