Дома Фудбал Останато Ова е тимот на кој обложувалниците даваат најголема предност

Ова е тимот на кој обложувалниците даваат најголема предност

Лигата на Шампионите полека влегува во самиот финиш, а денеска е ждрепката за четвртфиналето од ова натпреварување.

Меѓу останатите осум останаа екипи за кој од самиот почеток се сметаат за главни фаворити дека на крајот ќе го подигнат трофејот. Сепак, многу експерти се согласуваат во тоа дека речиси невозможно е да се одреди тимот и да се каже дека е главен фаворит.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Интересно е дека обложувалниците се неодллучни, а блага предност му даваат на Манчестер Сити пред Барселона. Потоа следуваат Реал Мадрид и Баерн Минхен. Судејќи по обложувалниите, најмала шанса да го освојат ова натпреварување имаат Рома и Севиља.

Се разбира, листата на фаворитите би можела лесно да се промени по денешниот ждреб и тоа во зависност од тоа кој ќе биде протовник. Ждрепката е планирана за 12:00 во Нион.

Потсетуваме, трофејот во последните две години го брани Реал Мадрид кој оваа сезона ќе се обиде по трети пат во низа да го освои ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се е подготвено: Познат датумот кога Реал Мадрид ќе го претстави Анчелоти

Карло Анчелоти во сабота ќе го води Реал Мадрид во последниот меч како тренер на клубот. А…