Првата трансфер желба на Мурињо во зимскиот преоден рок е десниот бек на Монако, Фабињо но за него Манчестер Јунајтед ќе мора да издвои 40 милиони евра.
Мурињо го „отпиша“ Матео Дармијан и како денес бек игра Антонио Валенсија, па затоа сака да ја засили конкуренцијата во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првиот пик за таа позиција е Бразилецот Фабињо, но преговорите со Монако нема да бидат лесни бидејќи клубот од „кнежевството“ за неговата слобода бара 40 милиони евра.
Ова нема да биде прв пат „црвените ѓаволи“ да издвојат вака голема сума за бек, бидејќи пред неколку години платија 40 милиони за Лук Шо.