Екипата на Интер во наредната сезона влегува со нови желби, веројатно нов тим и сигурно нови дресови.
Како и секогаш пред секоја натпреварувачка година во јавноста се појавуваат дресовите на клубот и тоа уште пред истите да бидат официјално претставени.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во принцип новиот дрес на „нероаѕурите“ нема голема разлика, бидејќи е направен со цел да се испочитуваат боите на клубот, сина и црна, но во однос на оној со кој што настапуваа оваа сезона исфрлена е жолтата боја од употреба која оваа сезона стоеше на логото на спонзорот на клубот, како и бројките на фудбалерите.
Исто така „Најк“ одлучи да ги задржи и шорцевите во црна боја. Судејќи според првите впечатоци, на навивачите на клубот баш и не им се допадна, тие сметаат дека поради дебелината на црните линии наликува на бар код.