Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн се наоѓа во неверојатна форма.
Откако помина месецот август во кој Кејн никогаш во својата кариера не постигна ниту еден гол, следуваше вистинска ескплозија на овој напаѓач. Тој во септември одигра, сметајќи за репрезентацијата и клубот, шест натпревари и постигна дури 11 гола.
Неговата прва жртва во новата сезона беше репрезентацијата на Малта, каде што постигна два гола. Потоа ист број на голови постигна против Евертон и Дортмунд, а единствена екипа која против него ја сочува мрежата во овој месец е Свонси. По нив, Кејн играше против Вест Хем и АПОЕЛ и постигна два, односно три гола.
Напаѓачот на Тотенхем следната жртва ќе ја чека во сабота попладне кога неговата екипа гостува против Хадерсфилд и тоа ќе биде последниот натпревар за Кејн во месецот септември… Веројатно месец кој Кејн има желба никогаш да не заврши.