Дома Фудбал Останато Ова е најтажната приказна за спектаклот на „Камп Ноу“

Ова е најтажната приказна за спектаклот на „Камп Ноу“

Навивачот на Барселона, Крис Роландус е единствен навивач на каталонскиот клуб кој во средата вечер остана тажен. Имено, тој од Ротердам допатувал во Барселона да го гледа реваншот против ПСЖ и платил влезница од 105 евра.

Но, не ни сонувал дека стадионот ќе го напушти при резултат 3:1 во 83-та минута од натпреварот. После тоа следеа три гола на домашниот тим и големо славје. Денес Холанѓанецот ја даде својата исповест за медиумите.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Заминав во 83-та минута за да ја избегнам гужвата. Го видов семафорот и мислев дека е се готово, па сметав дека е подобро да заминам и да ја избегнам гужвата бидејќи имаше 90.000 луѓе на стадионот. Кога веќе излегов од стадион слушнав дека Нејмар даде гол за 4:1. Помислив: „Убаво, но нема повеќе време за уште два гола, па нема да ми биде жал“, раскажува навивачот.

„Мајка ми, татко ми и пријателите ми пишуваа пораки дека ми завидуваат што ваков спектакл гледам во живо, а јас немав срце да им кажам дека заминав од стадионот. Шестиот гол на Роберто го погледнав низ прозорот на едно кафуле“.

„Влезницата за натпреварот ја купив пред еден месец и ја платив 105 евра. Откако ПСЖ победи 4:0 за малку ќе се расплачев. Како да гледам реванш во кој Барса нема никакви шанси? Знаете што е најлошо? Кога Роберто го даде голот трчаше баш во мојот смер, јас имав карта на 8-ми ред и тоа точно во аголот каде што падна голот. Целосно сум надвор од себе, се чувствувам бедно. Цела ноќ гледав во небо и со часови шетав по улиците на Барселона“, открива несреќниот навивач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Март…