Дома Фудбал Ова е најдобриот голман на светот: Во овој момент Каталонците поседуваат „незаменливо чудо“

Ова е најдобриот голман на светот: Во овој момент Каталонците поседуваат „незаменливо чудо“

Марк Андре тер Штеген е најдобриот голман на светот.

Така барем тврди дефанзивецот на Барселона, Лукас Динје кој се произнесе со пофални зборови на сметка на германскиот голман кој оваа сезона брани навистина фантастично во редовите на каталонскиот клуб.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тер Штеген моментално е најдобриот голман на светот. Брани фантастично и сметам дека моментално нема подобар голман од него“, истакна Динје за шпанските медиуми.

Германецот оваа сезона навистина е подобар од било кога. Во 17 натпревари прими само пет погодоци и со право се пласира меѓу најдобрите во овој момент.

Овој 25-годишен голман во Барселона пристигна во 2014. година. Долго беше резерва на Клаудио Браво, но по заминувањето во Манчестер Сити, ја презема улогата на прв голман каде моментално е незаменлив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…