Дома Трансфер зона Ова е најголемата трансфер желба на Интер!

Ова е најголемата трансфер желба на Интер!

Денешното издание на „Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер има сериозни планови за наредната сезона и ја открива најголемата трансфер желба на „нероаѕурите“.

Имено, готово сигурно на тренерското столче ќе остане Стефано Пиоли, кој од раководството побарал да му биде донесен Анхел ди Марија од ПСЖ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ди Марија лошо ја започна сезоната во Париз, но на големи натпревари секогаш ја покажува својата класа, па Интер ќе направи се за да го донесе во Милано.

Наводно и Аргентинецот не е задоволен од животот во Париз и сака промена на средината, а во Интер има многу сонародници и пријатели.

Сепак, весникот тврди дека доколку „нероаѕурите“ не успеат да дојдат до потписот на Ди Марија, тогаш ќе се насочат кон Дрис Мертенс од Наполи или Хамес Родригез од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…