Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ стана единствен во историјата кој на сите три подлоги во затворено и отворено, има процент на победи од најмалку 80%.
Со пет победи во Берси, Ѓоковиќ дојде точно на таа граница на затворено и стана првиот тенисер во Опен ерата кој успеал да обедини таква констатност во споменатите категории.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓоковиќ во француската престолнина дојде со 187 победи и 48 порази во затворените арени, што е 79.6% успешност. Со победите над Ечвери, Грикспор, Руне, Рубљов и Димитров успеа да дојде на 80% и да ја освои титулата.
Неколку тенисери се подобри од него во услови во затворено како Бјорн Борг (80.6), Роџер Федерер (81), Џими Конорс (81.6), Иван Лендл (83) и Џон Мекинро (85:3), меѓутоа Ѓоковиќ е единствен кој надминал 80% на отворено и затворено.
DID YOU KNOW❓
— TENNIS (@Tennis) November 10, 2023
With his five wins en route to the title in Paris, 🇷🇸 @DjokerNole improved his career indoor winning percentage to 80.0%. 💪
Djokovic is the ONLY man in the Open Era with an 80.0% or higher career winning percentage on hard, clay, grass, outdoors AND indoors. 💥