Манчестер Сити ја одбрани титулата англиски шампион со два бода повеќе од Арсенал, а третопласираниот Ливерпул на „Енфилд“ го победи Вулверхемптон со 2:0, на последната средба каде Јирген Клоп го предводеше тимот, со головите на Алексис Мек Алистер во 34. минута и Џарел Куанса во 40. минута.
Клоп, кој според многумина е најголемиот тренер во историјата на Ливерпул, емотивно се прости од локалните навивачи. Над целата трибина пред натпреварот беа подигнати хартии на кои беше испишан натписот „Данке Јирген“.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Потоа го направи својот традиционален триумфален поздрав со Копот, пред најверните навивачи, а кога го држеше говорот, го предводеше скандирањето на името на Арне Слот, поранешниот тренер на холандски Феенорд кој ќе го наследи наредната сезона.
🔴🎤 Arne Slot has been announced as new Liverpool manager… by Jurgen Klopp. 😂 pic.twitter.com/kWG8ounPvD
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 19, 2024
Играчите исто така беа многу емотивни. Вирџил ван Дијк заплака, како и Трент Александар-Арнолд. Играчот кој потекнува од клупската академија играше само за Клоп во својата сениорска клупска кариера и е еден од многуте играчи кои Германецот ги донесе на елитното ниво.
Trent Alexander Arnold has turned from a boy to a man under Jurgen Klopp.
— Anything Liverpool (@AnythingLFC_) May 19, 2024
Vice Captain of his boyhood club. TAA will be forever grateful to him ❤️pic.twitter.com/pY38cfd8nS
Клоп пристигна во Ливерпул во 2015 година. За време на неговиот мандат, тој му донесе осум трофеи на клубот, вклучувајќи ја првата титула во Премиер лигата во 2020 година, односно прва во англискиот шампионат од 1990 година, а во 2019 година и трофејот за освојувачот на Лигата на шампионите. Ливерпул таа година го освои најсилното европско клупско натпреварување за прв пат од 2005 година.