Според пишувањето на „Фокс Спорт“, Андре Пирло наскоро би можел повторно да заигра фудбал!
Имено, австралискиот Ејвондејл во овој момент преговара со Италијанецот за тој на еден ден да го облече нивниот дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во прашање е натпреварот од ФФА купот против реномираниот Сиднеј кој се игра на 19-ти септември, второлигашот смета дека Пирло може да му помогне на клубот да направи изненадување.
Иначе, ваквите ангажмани не се реткост во австралискито фудбал.
Во 2015 година Хајденберг Јунајтед го ангажираше грчкиот интернационалец, Костас Кацуранис кој тогаш одигра само едно полувреме.
Навистина би било убаво да го видиме големиот „Моцарт“ уште еднаш на фудбалскиот терен.