Сезонава Шкендија има сериозни проблеми и воопшто не наликува на себе, па јасно дека во јануарскиот преоден рок ќе и бидат потребни промени доколку сака да биде конкурентна за титулата во првенството, ако веќе не е доцна.
Сега неколку сајтови на албански објавија дека Шкендија има намера да активира „бомба“ во јануарскиот преоден рок – го сака Аврамовски од Вардар!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шкендија на овој начин би му нанела двоен удар на Вардар. Освен што ќе добијат одличен фудбалер, туку и директно би го ослабеле Вардар.
Засега не се открива со колкава сума ќе се обиде Шкендија да го доведе Аврамовски, само се најавува дека се спрема богата понуда кога во прашање е македонскиот трансфер пазар.
Аврамовски во Вардар се врати во јануари оваа година и во овој момент е прв стрелец во лигата.
Tешко е да се поверува дека Вардар ќе му дозволи на Аврамовски да потпише за Шкендија, а прашање е и колку фудбалерот би имал желба за такво нешто.
Ќе потсетиме, Аврамовски пред последниот квалификациски циклус и натпреварите со Австрија и Израел за прв пат доби повик во репрезентацијата на Македонија.