Дома Фудбал Италија Објаснување за чудниот дрес со кој Интер играше против Рома

Објаснување за чудниот дрес со кој Интер играше против Рома

Интер и Рома вчера го играа дербито во 36. коло од Серија А, на крајот тој дуел заврши со победа на „нероаѕурите“ со 3:1.

Она што во овој натпревар привлече посебно внимание беше дизајнот на дресовите со кои настапи Интер. Играчите на Интер играа во необични дресови кои ги спреми „Најк“. Чудно беше за сите кои го гледаа натпреварот, но стигна објаснување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Интер во овие дресови настапи во чест на нивниот спонзор „Пирели“ со кој на крајот од оваа сезона ја завршуваат соработката долга 27 години.

Интер и „Најк“ одлучиле да настапат со посебни дресови во чест на долгогодишниот спонзор, но со дизајнот баш и не се прославија. Дури се поставуваше прашањето дали Интер ќе има право да да игра во овие дресови.

Според правилникот на Серија А клубовите можат да имаат најмногу три различни бои, кај овој дрес на Интер тоа не е случај, сепак им беше дозволено да настапат во истите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…