Дома Фудбал Останато Објавено видео од апсењето на Робињо во Бразил 🎥

Објавено видео од апсењето на Робињо во Бразил 🎥

Бразилецот Робињо беше уапсен во четвртокот вечерта во Сантос по наредба на Судот во Бразил и беше однесен во затвор каде ќе треба да одлежи деветгодишна казна за силување. Во јавноста беше објавено и видео од неговото апсење.

Робињо беше осуден во отсуство во Италија, но сметаше дека е безбеден во својата татковина бидејќи Бразил не ги екстрадира своите граѓани. Сепак, италијанското правосудство побара поранешниот играч на клубови како Реал Мадрид и Милан да ја отслужи казната во Бразил, па беше уапсен за делото што се случи на крајот на јануари 2013 година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тогаш Робињо, неговиот пријател Рикардо Фалко, како и уште четворица мажи силувале млада девојка во тоалетот на ноќен клуб во Милано, а обвинетите се бранеле дека врската се одвивала со согласност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто не се памети: Португалските медиуми го „распнаа“ Роналдо поради потегот кој го направи синоќа

Португалските медиуми жестоко реагираа откако Кристијано Роналдо доби црвен картон во дрес…