Дома Македонски спорт Објавено видео: Еве поради што ЕХФ го суспендираше Начевски 🎥

Објавено видео: Еве поради што ЕХФ го суспендираше Начевски 🎥

Неодамна Европската ракометна федерација, ЕХФ го суспендираше Драган Начевски поради вмешаност во местење натпревари, поточно – затоа што не ја одбил понудата доволно конкретно.

Данската ТВ2 која и претходно ги објавуваше информациите за наводни местенки во ракометот објави и видео на кое Начевски наводно е на состанок со кинески бизнисмен. Се наведува дека тој бил актер ангажиран од нивн страна, Данците ја објавија снимката од „состанокот’ на која Начевски го одбива предлогот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во разговорот тој посочува дека натпреварите под капата на ЕХФ се следени од посебни компании и било каков обид би бил лесно забележан.

„Ако бев помлад и сакав пари, можеби ќе размислев за понудата, во овој момент е премногу опасно воопшто да се разговара на оваа тема“, одговара Начевски на состанокот со наводниот кинески бизнисмен.

Разговорот со Начевски објавен од ТВ2 можете да го погледнете – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…