Објавени се овосезонските Ол-НБА петорки, односно трите најдобри петорки во НБА лигата.
Првата петорка многу наликува на ланската, а единствената разлика е што во неа се врати Никола Јокиќ на сметка на Џоел Ембиид, кој сезонава не влезе во ниту една од трите петорки.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во првите пет има само еден Американец, а тоа е Џејсон Тејтум.
Прва петорка: Јанис Адетокунбо (Милвоки), Никола Јокиќ (Денвер), Лука Дончиќ (Далас), Шај Гилџис – Александер (Оклахома) и Џејсон Тејтум (Бостон)
Втора: Брансон (Њујорк), Дејвис (ЛА Лејкерс), Дурент (Феникс), Едвардс (Минесота) и Леонард (ЛА Клиперс)
Tрета: Букер (Феникс), Кари (Голден Стејт), Халибартон (Индијана), Леброн (ЛА Лејкерс) и Сабонис (Сакраменто)