НБА лигата денес ги објави имињата на кошаркарите кои ќе се борат за наградите во шестте најзначајни индивидуални награди од регуларниот дел.
За главната МВП награда ќе се борат Никола Јокиќ, Јанис Антетокумпо и Џоел Ембид. Јокиќ е бранителот на оваа награда од минатата сезона, Јанис исто така веќе ја освојувал, додека Ембид чека на своето прво вакво признание.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Изненадувања нема ниту во другите избори, а за наградите ќе решава група од 100 претставници на медиумите.
КАНДИДАТИ ЗА НАГРАДИТЕ:
МВП: Јанис Антетокумпо (Милвоки), Џоел Ембид (Филаделфија), Никола Јокиќ (Денвер).
Одбранбен играч: Микал Бриџис (Феникс), Руди Гобер (Јута), Маркус Смарт (Бостон).
Дебитант на годината: Скоти Барнс (Торонто), Кејд Канингам (Детроит), Еван Мобли (Кливленд).
Шестти играч: Тајлер Хиро (Мајами), Кам Џонсон (Феникс), Кевин Лов (Кливленд).
Играч со најголем напредок: Дариус Гарланд (Кливленд), Џа Морант (Мемфис), Дежонте Мареј (С. Антонио).
Тренер: Тејлор Џенкинс (Мемфис), Ерик Споелстра (Мајами), Монти Вилијамс (Феникс).