Конечниот список на играчи за Мундијалот во Русија!
Денес селекторот на Шпанија, Хуан Лоптеги го објави официјалниот список на играчи кои ќе патуваат на Мундијалот во Русија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од составот отпаднаа Алваро Мората и Витоло. Објективно промената на клубови во мундијлската година за овие двајца играчи не се покажа како добар потег. Потоа решена беше и последната дилема на селекторот на Шпанците.
Еден од тројцата Цезар Аспиликуета, Маркос Алонсо, Марк Бартра требаше да одпадне. На крајот испаднаа двајца!
Неочекувано во конкуренцијата влезе Начо Монреал од Арсенал! Бартра и Алонсо нема да патуваат во Русија.
Конечниот список на Шпанија:
Голмани: Давид Де Геа (Манчестер Јунајтед), Пепе Реина (Наполи), Кеп (Атлетик Билбао)
Одбрана: Дани Карвахал (Реал Мадрид), Алваро Одриозола (Реал Сосиедад), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Жерар Пике (Барселона), Начо (Реал Мадрид), Цезар Аспиликуета (Челзи), Жорди Алба (Барселона), Начо Монреал (Арсенал)
Среден ред: Коке (Атлетико Мадрид), Саул Нигез (Атлетико Мадрид), Тиаго Алкантара (Баерн Минхен), Серхио Бускетс (Барселона), Давид Силва (Манчестер Сити), Андрес Иниеста (Барселона), Лукас Васкез (Реал Мадрид), Иско (Реал Мадрид), Maрко Асенсио (Реал Мадрид)
Напад: Иаго Аспас (Селта), Диего Коста (Атлетико Мадрид), Родриго Морено (Валенсија)