Се беше јасно и потврдено претходно, а сега беа објавени и бројките.
Лаутаро Мартинез ова лето премина во Интер и тоа им беше јасно на сите. Сега пристигна и официјалната потврда која со себе ги носи и цифрите од трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Расинг од продажбата на Мартинез ќе добие 25 милиони евра, но успеаа да договори и клазула во договорот според која ќе добијат 10% од следниот трансфер на напаѓачот.
Мартинез има 20 години и важи за еден од најталентираните аргентински напаѓчи, постигна 15 голови и забележа пет асистенци на 22 одиграни натпревари во сите натпреварувања.
Блескаше и на Копа Либертадорес, натпреварување во кое постигна пет голови.
Пред нешто помалку од два месеци дебитираше и за сениорската репрезентација на Аргентина во пријателскиот натпревар против Шпанија кој „Гаучосите“ го загубија со 6:1.