На сите им е јасно дека Обамејанг е клучен играч во нападот на Арсенал, а од неодамна е и капитен па Артета се обидува да го задржи на сите начини.
Обамејанг е во преговори со управата на Арсенал и се уште не е познато дали ќе остане во клубот, а актуелниот договор му истекува наредната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според актуелниот договор Обамејанг во Арсенал заработува 180.000 фунти неделно, а „ЕСПН“ открива какви се неговите услови за да остане.
Имено, иако има 31 година Габонецот од Арсенал бара тригодишен договор според кој неделно ќе заработува 250.000 фунти.
Прашање е дали управата на Арсенал ќе се согласи на ваков договор затоа што Обамејанг има повеќе од 30 години, но од друга страна тој во овој момент е прв стрелец во Премиер лигата. Пред него сигурно ќе има бројни понуди ако се реши да не потпишува нов договор.