Дома Фудбал Англија Обамејанг дојде во Челзи поради Тухел, па сега е „лузер на годината“

Обамејанг дојде во Челзи поради Тухел, па сега е „лузер на годината“

Пјер Емерик Обамејанг одлучи во последниот ден од преодниот рок да ја напушти Барселона и да се пресели во Челзи.

Главната причина за овој трансфер беше Томас Тухел, кој силно го посакуваше Габонецот во своите редови.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Обамејанг сакаше повторно да соработува со Тухел, со кого имаше одлична соработка во Борусија Дортмунд, па се согласи да дојде во Челзи.

Меѓутоа, Обамејанг одигра само 59 минути под водство на Тухел, па денес германскиот стратег доби отказ.

Сега ќе видиме какви планови ќе има новииот тренер, но Обамејанг на социјалните мрежи веќе го доби епитетот „лузер на годината“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА планира промена на системот за квалификации за СП и ЕУРО

УЕФА планира промени во квалификацискиот систем за Светското првенство и Европското првенс…