Дарвин Нуњез вчера вечер беше потврден како нов играч на Ливерпул и со неговиот ангажман „црвените“ го соборија клупскиот рекорд.
Уругваецот не го криеше воодушевувањето што ќе има прилика за нова авантура во неговата кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум што дојдов во Ливерпул, ова е голем клуб. Сум играл против Ливерпул и сум гледал многу нивни натпревари во Лигата на шампионите, нивниот стил на игра е и мој. Во тимот има одлични играчи кои мислам дека ќе ми одговараат. Ќе дадам се од себе да помогнам“, изјави Дарвин по потписот на договорот.
We’ve got some ñews that we think you might like… 🇺🇾#DarwinDay pic.twitter.com/C70mBnzu4c
— Liverpool FC (@LFC) June 14, 2022