Maкедонскиот бораџ Магомедгаџи Нуров ја згуби и најмалата шанса да се бори за медал во Токио.
Нуров беше поразен од Кубанецот Ренерис Салас Перез, а само ако Салас се пласираше во финалето Нуров ќе добиеше шанса преку репасажот да се бори за бронза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Абдулрашид Садулев кој беше голем фаворит не дозволи изненадување и го победи Кубанецот со 4:0 така згасна и последната шанса за Нуров.
Ако дојдеше до репасажот Нуров ќе требаше да победи две бори со што ќе добиеше шанса да се бори за медал.
Со ова завршија и сите настапи на македонските спортисти во Токио, медал освои само теквондистот Дејан Георгиевски кој се врати со сребро.