Дома Фудбал Останато Нури Сахин стана играч-тренер на Анталијаспор

Нури Сахин стана играч-тренер на Анталијаспор

Нури Сахин некогаш беше голема надеж на турскиот фудбал, зад себе има добра кариера во која помеѓу другите го носеше дресот и на Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, сепак впечатокот е дека можеше повеќе.

Во кариерата Сахин имаше проблеми и со повреди денес тој е во турската Суперлига, во тимот на Анталијаспор. Од вчера тој освен што е играч на овој клуб е и тренер, потврдија од Анталијаспор.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Така 33-годишниот Сахин во иднина ќе ја преземе и тренерската функција. Одлуката се донесе откако Ерсун Јанал си поднесе оставка после лошите резултати. Анталијаспор во овој момент се наоѓа на 14. место во турското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот т…