Дома Фудбал Останато Ноќта кога Ујфалуши можеше да ја уништи кариерата на Меси (ФОТО+ВИДЕО)

Ноќта кога Ујфалуши можеше да ја уништи кариерата на Меси (ФОТО+ВИДЕО)

Во сезоната 2010/2011 кариерата на Лео Меси можеше да тргне во целосно друг правец. Беше тоа во последните минути од натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона.

Се играа последните минути од исклучително напнатиот натпревар на „Висенте Калдерон“ кога Томаш Ујфалуши брутално стартуваше на Аргентинецот и му го повреди зглобот на десната нога.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меси беше изнесен на носилки, додека чешкиот дефанзивец доби црвен картон, неколку години подоцна Ујфалуши се обиде да го „оправда“ тој негов старт.

„Немав среќа затоа што Лео беше во прашање, да беше некој друг немаше толку да се зборува. Ги разбирам медиумите, станува збор за Меси, најдобриот играч во светот. Луѓето уживаат во неговата игра“.

„Не можев да се запрам. Немав среќа бидејќи застанав на неговиот зглоб. Тоа се работи кои не ви се допаѓаат, но не можете да го промените мислењето на другите луѓе. Жал ми е поради тоа, но се случи“, изјави Ујфалуши.

За овој старт со кој можеше да ја уништи кариерата на Меси Ујфалуши заработу суспензија од само два натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Башкими го сопре Силекс, Македонија ЃП сигурна против Брера Струмица

Во 6. коло од Првата македонска лига, Башкими приреди изненадување совладувајќи го Силекс …