Дома Фудбал Лига на шампиони Ноер за кошмарниот настап на Кариус: Го гледав со колегите од репрезентацијата беше многу тажно

Ноер за кошмарниот настап на Кариус: Го гледав со колегите од репрезентацијата беше многу тажно

Вечерва во Лигата на шампионите ќе се сретнат Ливерпул и Баерн Минхен.

Пред овој натпревар ветеранот на голманот на Баерн зборуваше за неговиот колега кој повеќе не е член на Ливерпул Лорис Кариус.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кариус долго време беше во центарот на вниманието поради скандалозните грешки кои ги направи во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид кој така го победи Ливерпул.

После тој натпревар беше јасно дека Кариус нема голема иднина во Ливерпул, па клубот го испрати на позајмица во турски Бешикташ, додека на „Енфилд“ пристигна Алисон од Рома.

Кариус и во Бешикташ направи неколку неверојатни грешки, а сега во негова обрана застане Германецот Мануел Ноер.

„Според мене тој ден беше тажен за сите голмани. Јас го гледав натпреварот со колегите од репрезентацијата и сакавме само се биде во ред со него. Беше навистина тажно да гледате еден ваш колега во таква ситуација“, изјави Ноер.

Потоа Ноер го коментираше сегашниот голман на „црвените“ Алисон Бекер.

„Ми се допаѓа стилот со кој брани. Го следев уште додека беше член на Рома и во репрезентацијата на Бразил исто така беше одличен. Сите кои следат фудбал знаат дека атмосферата на натпреварот Ливерпул – Баерн ќе биде фантастична. Мене секогаш ми се допаѓа кога фановите се толку блиску до теренот. Единствен проблем можеби е што не можеш лесно да комуницираш со играчите“, заврши Ноер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Еуроспорт: Мурињо тргнува по Роналдо

ЖОЗЕ МУРИЊО го контактирал Кристијано Роналдо и го прашал дали би сакал да игра под негово…