Управата на ФИА го прифати предлогот.
Раководството на ФИА и претставниците на Формула 1 потврдија дека веќе од оваа сезона ќе гледаме дополнителни бодови за најбрзите возачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она за што се шпекулираше овие денови доби потврда и стартува веќе од наредниот викенд на трката за големата награда на Мелбурн.
Покрај возачот кој ќе го извози најбрзиот круг дополнитеен бод ќе добие и неговата екипа во конкуренцијата на конструктори. Условот за да се добие тој бод е возачот да биде во првите 10. Ако биде надвор од првите 10 и да има најбрз круг бодот нема да му биде доделен.
Тоа значи дека нема да биде можно некој да освојува бодови само на основа на најбрзиот круг, туку тоа ќе биде како некој бонус на веќе освоените бодови.
Оваа година во игра се дополнителен 21 бод.