Летово Леброн и Ентони Дејвис добија неколку нови соиграчи, Лејкерси сакаат подобра сезона откако во минатата беа елиминирани во првата рунда од плејофот.
Најзвучните имиња кои им се приклучија се Вестбрук и Кармело Ентони, а сега во тимот би можел да се приклучи Ајзеа Томас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во изминатите неколку сезони плејмејкерот се бореше со повреда на грбот и во последните три сезони одигра само 55 натпревари за Денвер, Вашингтон и Њу Орлеанс.
Ајзеа Томас своевремено беше соиграч на Леброн во Клвиленд во сезоната 2017/2018.
Во кариерата два пати бил олстар играч и тоа во периодот кога беше дел од Бостон, тим каде што ја играше најдобрата кошарка во кариерата. Претходно настапуваше уште за Сакраменто и Феникс.