Дома Останати Тенис Ново големо изненадување на Ролан Гарос: Елиминиран седмиот носител

Ново големо изненадување на Ролан Гарос: Елиминиран седмиот носител

Италијанецот Матео Беретини беше голем фаворит пред дуелот Германецот, Даниел Алтмајер, но на крајот испадна без освоен сет.

Седмиот носител на престижниот Ролан Гарос го изгуби мечот за два часа и 18 минути. Сите очекуваа да се пласира во четвртфиналето, но Германецот кој до турнирот стигна преку квалификациитеп приреди големо изненадување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Алтмајер кој е 186 играч на АТП листата славеше против Италијанецот со 6:2, 7:6 и 6:4 и во четвртфиналето кое е негов најголем успех во кариерата ќе игра против подобриот од мечот Баутста – Карењо Бусто.

И вчера видовме големо изненадување откако Стан Вавринка беше елиминиран од Уго Гастон (228. на АТП листата).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз направи инцидент на Ју-Ес Опен: Поради бизарна причина ги обвини организаторите (Видео)

Последниот Гренд слем на сезоната почнува, најдобрите тенисери во светот имаат последни по…