Дома Останати Тенис Матео Беретини е првиот финалист на Вимблдон!

Матео Беретини е првиот финалист на Вимблдон!

Италијанскиот тенисер Матео Беретини се пласираше во финалето на Вимблдон.

Одличниот Италијанец во денешното полуфинале го победи полскиот тенисер Хуберт Хуркач со 3:1 во сетови 6:4 6:0, 6:7 и 6:4.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Беретини игра навистина одличен турнир и заслужено ќе се бори за првата грен-слем титула во кариерата, а Хуркач за него денес беше прилично лесен залак.

Веќе во првиот сет констатно го напаѓаше првиот сервис на противникот и успеа да му одземе два брејк и да дојде до освојување на првиот сет со 6:3.

Во вториот Хуркач немаше шанси. Го остави Беретини без ниту еден освоен гем и веќе имаше големи 2:0.

Хуркач пружи нешто подобар отпор во третиот сет. Подобро сервираше, а на крајот третиот сет беше решен во тај-брејк. Хуркач многу подобро го одигра тај-брејк . Успеа да го добие со 7:6 и да се врати во мечот.

Меѓутоа повеќе од освојување на еден сет Хуркач не можеше. Четвртиот сет Беретини го отвори со брејк кој го задржи до крајот и дојде до 6:4 и победа со конечни 3:0.

Во финалето Беретини ќе игра против подобриот од дуелот Ѓоковиќ-Шаповалов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…