Дирк Новицки откако ја заврши кариерата максимално се посвети на приватниот живот и уживањето во него.
Тој одлучи да присуствува на некои натпревари од СП во Кина, а по враќањето дома го пречекала интересна ситуација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, по враќањето во Далас, каде одлучи да остане да живее, на аеродромот имало голем број на камери, а тој за момент помислил дека сето тоа е поради него.
„Кога се вратив од Кина на аеродромот имаше голем број на камери. Помислив дека сето тоа е поради мене, но биле дојдени поради Зеке.“ – напиша Дирк на Твитер.
Инаку, Зеке е Езекиел Елиот, НФЛ играчот на Далас кој пристигнал во исто време како и Дирк, а новинарите го пречекале бидејќи се уште не е решена ситуацијата околу неговиот договор.