Дома Македонски спорт Новиот супермодерен стадион на Стеауа ќе биде „базата“ на Македонија на ЕП 2021

Новиот супермодерен стадион на Стеауа ќе биде „базата“ на Македонија на ЕП 2021

Репрезентацијата на Македонија ќе биде една од првите репрезентации која ќе го почувствува новиот стадион на Стеауа Букурешт.

Нашата репрезентација за ЕП 2021 ќе се подготвува на супермодерниот стадион кој е при крај со изградбата и се очекува да биде пуштен во употреба во април.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Ваквата информација за романските медиуми ја откри легендарниот фудбалер Георге Попеску кој е и кординатор за Евро 2021.

„Македонија потпиша договор и ќе го користи новиот стадион на Стеуа“, изјави Попеску за „Телеком Спорт“:

Навистина станува збор за фантастичен стадион, а неговата изградба Романците ги чинеше скоро 100 милиони евра. Ќе потсетиме, Македонија два натпревари ќе игра во Букурешт (Австрија и Украина), за третиот ќе патуваме во Амстердам каде што противник ќе ни биде Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…