Дома Останати Кошарка Новиот селектор на Македонија избран за најдобар тренер во АБА лигата

Новиот селектор на Македонија избран за најдобар тренер во АБА лигата

Новиот селектор на Македонија, Драган Бајиќ собра најмногу гласови и е избран за најдобар тренер во АБА лигата сезонава.

Бајиќ ја победи конуренцијата со освоени 63% од гласовите во традиционалниот избор кој го организира менаџментот на АБА лигата. Зад Бајиќ заврши стратегот на Цедевита Олимпија, Јурица Големац, па Вадимир Јовановиќ од Мега. Големац освои (10.8%) од гласовите, а Јовановиќ (7.7%).

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


До ова признание Бајиќ дојде со неверојатната сезона со Игокеа која ја одведе помеѓу најдобрите четири екипи кои преку плеј-офот ќе се борат шампионската титула.

На селекторската клупа на Македонија Бајиќ ќе дебитира во втората рунда од претквалификациите за СП 2023.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

НБА не памети ваков бизарен хаос: Ѕвезди за малку ќе се степаат за топката на крајот од натпреварот (Видео)

На крајот од натпреварот меѓу Лос Анџелес Клиперс и Минесота Тимбервулвс, дојде до краток,…