Барселона се уште не може да постигне напредок во преговорите со Осман Дембеле за продолжување на соработката, пренесува „Мундо Депортиво“.
Раководството има оптимизам дека преговорите можат да завршат наскоро и Дембеле да стави потпис на нов договор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дембеле влезе во последната година од договорот, па доколку не го продолжи договорот следното лето може да си замине без обештетување.
Французинот доживеа тешка повреда на ЕУРО, имаше операција и моментално се рехабилитира, а се очекува да се врати на терените во јануари 2022 година.
Барселона е загрижена поради фактот дека може да го загуби Дембеле без обештетување, па доколку играчот не стави потпис на нов договор до јануари може да биде продаден.