На фудбалерите на Пари Сен Жермен и вчера беа елиминирани од Борусија Дортмунд во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Сезонава нивна пречка беше германска Борусија Дортмунд која со минимални резултати во двата меча ги елиминира во полуфиналето. Килијан Мбапе секако беше најголемиот адут на Пари Сен Жермен, но Борусија одлично го запре на теренот. Французинот немаше многу простор за маневрирање на двата натпревари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што стојат работите ова беше и последен натпревар за Мбапе во дресот на ПСЖ во Лигата на шампионите бидејќи се најавува негов трансфер во Реал Мадрид.
Еден од новинарите ги искористи овие, засега, шпекулации за да го испровоцира Мбапе прашувајќи го за кого ќе навива во второто полуфинале – Реал или Баерн?
Изразот на лицето на Килијан Мбапе пренесе незаинтересираност и тој потоа го заврши разговорот со медиумите.
¿Apoyará Mbappé mañana al @realmadrid?
— Fútbol en Movistar Plus+ (@MovistarFutbol) May 7, 2024
¡Menuda carita! #LaCasaDelFútbol #UCL pic.twitter.com/VYU24gsiQO