Дома Фудбал Новинар на „Марка“: Извинете, но Куртоа е најдобриот голман во светот

Новинар на „Марка“: Извинете, но Куртоа е најдобриот голман во светот

Tибо Куртоа беше еден од најзаслужните што Реал Мадрид вчера обезбеди минимална победа во првото коло од групната фаза во Лига на шампионите.

Новинарот на „Марка“, Хуан Игнасио Гарсија Очоа беше воодушевен од настапот на Куртоа, па посочи дека за него Куртоа во овој момент е најдобриот светот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Само што ќе кажете дека Куртоа е најдобриот во светот луѓете ве напаѓаат. Посебно тоа се случува со навивачите на Атлетико кои се убедени дека Јан Облак е најдобриот“.

„Во изминатите две години Куртоа се разви во нешто повеќе, како во Реал Мадрид, така и во националниот тим на Белгија. Констатно го спасува својот тим, така беше и сега против Интер. Многумина забораваат дека беше клучен и во освојувањето на титулата во сезоната 2019/2020“, стои во неговата анализа.

Целата негова анализа – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона најде замена за славниот Полјак, вистинска машина за голови!

Иако Роберт Левандовски сака да остане барем уште една сезона, раководството на Барселона …