Продолжува хаосот во Џенова откако денес повторно се зголеми бројот на позитивни случаи на Ковид 19.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Последното тестирање за коронавирусот во Џенова отрки уште тројца зарезни, од кои двајца фудбалери и еден член на стручниот штаб.
Откако беше утврдено дека 14 лица имаат Ковид 19, денеска од Џенова потврдија дека позитивен тест добиле и фудбалерите Петар Брлек и Миха Зајц како и членот на техничката служба Валтер Бресан.
Поради ова, челниците на Серија А уште вчера го одложија мечот на Џенова против Торино, кој требаше да се одигра викендов.
Добрата вест е што нашиот репрезентативец капитен, Горан Пандев не е заразен и ќе може да игра на мечот со Косово на 8 октомври.