Првите луѓе на италијанскиот гигант Јувентус би можеле да треба да се појават на суд поради наводно фалсификување на финансискиот извештај доставен во јавноста.
Медиумите во Италија пренесуваат дека обвинителката Ана Марија Лорето испратила барање до полицијата да се уапси претседателот на „старата дама“ Андреа Ањели. Се наведува дека истрагата започнала минатата година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Обвинувањата кон клубот се дека биле остварени сомнителни приходи во 2018, 2019 и 2020 година. Во истрагата се вклучени 16 лица, во прашање се поранешени и сегашни вработени. Помеѓу тие 16 лица се Ањели, Недвед Маурицио Аривабене и сегашниот прв оперативец на Тотенхем Фабио Партичи.
Исто така во истрагата се обидува да се докаже дека фудбалерите на Јувентус не ги намалиле платите за време на пандемијата, иако тоа беше објавено од страна на клубот кога започна кризата поради пандемијата.