„Петлите“ десеткувани ќе одат на натпреварот против Ајакс.
Фудбалерот на Тотенхем, Муса Сисоко најверојатно поради повреда ќе го пропушти првото полуфинале во Лигата на шампионите против Ајакс, пренесуваат денес британските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сисоко се повреди минатата ндела во реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити и најверојатно ќе паузира две недели. Тоа значи дека ќе го пропушти првиот натпревар против Ајакс кој е закажан за на 30-ти април.
Проблеми со повреди имаат и Хуго Лорис и Хари Винкс, но тие би можеле да бидат во составот за натпреварот против Брајтон кој се игра утре вечер.
„Муса Сисоко нема да биде спремен, веројатно нема да ни биде на располагање во наредните две недели. Се надеваме дека ќе се опорави побрзо“, изјави Покетино.
Тотенхем во Премиер лигата се бори за третата позоција. Екипата на Покетино има 67 бодови на третата пзоција, а Арсенал и Челзи имаат по бод помалку. Шести е Манчестер Јунајтед со 64 освоени бода.
„Петлите“ играат добро на новиот стадион, победија на првите три натпревари и постигнаа седум, а примија еден гол.