Дома Фудбал Лига на шампиони Нови проблеми за ПСЖ: Верати го пропушта дуелот со Манчестер Јунајтед!

Нови проблеми за ПСЖ: Верати го пропушта дуелот со Манчестер Јунајтед!

Пари Сент Жермен ќе биде значително ослабен во дуелот со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони.

Имено, покрај Нејмар, првиот меч во Лигата на шампиони ќе го пропушти и италијанскиот плејмејкер Марко Верати.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Плејмејкерот има повреда уште од дуелот со Генгамп пред три недели, а иако требаше досега да се врати на тренинг, сепак Верати се уште не е рехабилитиран.

Се уште не се знае природата на неговата повреда и лекарите тврдат дека нема да биде спремен за натпреварот против Манчестер Јунајтед.

Отсуството на Верати е дополнителен удар за тренерот Томас Тухел на мечот со Јунајтед, кој е во фантастична серија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…