Дома Фудбал Англија Нови проблеми за Клоп: Вчера остана и без играчот за кого плати 60 милиони евра

Нови проблеми за Клоп: Вчера остана и без играчот за кого плати 60 милиони евра

Неверојатна криза со повреди го зафати Ливерпул, а после натпреварот со Лестер (3:0) ситуацијата помеѓу „црвените“ стана уште полоша.

Актуелниот шампион на Премиер лигата убедливо го победи лидерот на табелата иако играше без скоро цела одбрана. На сите проблеми во Ливерпул вчера во 53. минута останаа и без уште еден играч. Во таа минута играта ја напушти Наби Кеита, фудбалерот за кого Ливерпул пред две години плати 60 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од тогаш Кеита одигра 68 натпревари и постигна седум голови. На последниот меч мораше да излезе рано затоа што го повреди коленото.

„Почувствува силна болка во коленото и не можеше да продолжи. Ќе направи детални прегледи и ќе знаеме за каква повреда се работи“, изјави Клоп по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одржан таен состанок на Левандовски со новиот клуб, Лапорта веќе го дознал тоа

Додека сезоната полека се приближува до клучниот период, големата ѕвезда на Барселона, Роб…