Дома Фудбал Останато Нови поплаки од Париз: УЕФА нека го испрати истиот судија и нека биде наклонет кон домаќинот!

Нови поплаки од Париз: УЕФА нека го испрати истиот судија и нека биде наклонет кон домаќинот!

Во Пари Сен Жермен се уште се занимаваат со поразот од Реал Мадрид.

Не престануваат да испраќаат жалби и да ги наведуваат ситуациите во кои сметаат дека се оштетени. Емери во изјава за „АС“ пред првенствениот натпревар против Стразбур бара УЕФА да има ист критериум и во реваншот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Го гледав натпреварот помеѓу Виљареал и Лион и судијата имаше балансиран пристап не како во нашиот натпревар. Еве јас би сакал УЕФА да го има истиот критериум како во Мадрид, да го испратат истиот судија и да има ист критериум, да биде наклонет на домаќинот“, изјави Емери.

Реваншот се игра на 6 март во Париз, УЕФА сигурно нема одговори на оваа жалба, а ПСЖ има големи проблеми по поразот. Наводно играчите се незадоволни од тренерот, а се истакнува Нејмар, бразилскиот клан се побунил бидејќи Кимбампе играл пред Тиаго Силва, покрај тоа многумина сметаат дека Ди Марија морал да биде во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер има нов адут во борбата за Коне!

Интересот на Интер за 24-годишниот играч од средниот ред на Рома, Ману Коне, и понатаму е …