Дома Топ вести Нови откритија за платата на Меси: Познато колку данок плаќа Аргентинецот

Нови откритија за платата на Меси: Познато колку данок плаќа Аргентинецот

Во последните недели една од најжешките теми во фудбалскиот свет е секако откриените детали од договорот на Меси со Барса и неговата плата.

„Ел Мундо“ неодамна јавно објави детали од договорот на Меси кој го потпиша со Барселона во 2017 година и откри дека Аргентинецот до денес заработил неверојатни 555 милиони евра.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сега „Ел Периодико“ откри нови интересни детали кои велат дека самиот Меси на државата ќе и плати данок од 370 милиони евра за време на четиригодишниот договор.

Основниот данок за приход на физички лица е најголем дел од таа сума, односно 275 милиони евра, а останатите пари се за други даноци како данок на сопственост, корпоративен данок…

Во 2016 година Меси беше осуден од страна на шпанскиот суд за прикривање данок и плати казна од 4 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Еве како се структуирани бонусите во трансферот на Ѓокерес

Арсенал успеа да постигне целосен договор со лисабонскиот Спортинг за шведскиот напаѓач Ви…