Дома Фудбал Новата ѕвезда на Барса потпиша нов договор

Новата ѕвезда на Барса потпиша нов договор

Барселона денес и официјално потврди дека Карлес Перес, кој е дете на клубот ставил потпис на нов договор и ќе остане на „Камп Ноу“ до 2022 година.

Актуелниот договор на 21-годишниот крилен фудбалер истекуваше идното лето, па Барселона побрза да му понуди продолжување на соработката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Перес со своите игри покажа дека заслужува да го носи дресот на славниот каталонски клуб. Со новиот договор фудбалерот доби подобри финансиски услови, а откупната клаузула останува иста – 100 милиони евра.

Перес дебитираше за првиот тим во последното коло од Примера минатата година, а оваа сезона настапи на пет во првите шест кола, притоа постигна и еден гол против Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Логиката на Перез: Земи си Италијанец за клупата на Реал и успехот е загарантиран

Сѐ што се случува во Реал Мадрид е последица на фактот дека управата погреши со Чаби Алонс…