Дома Останати Тенис Новата сезона за Ѓоковиќ стартува на 31-декември: Познато против кого ќе игра

Новата сезона за Ѓоковиќ стартува на 31-декември: Познато против кого ќе игра

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во недела на 31 декември од 10 часот ќе го одигра првиот официјален натпревар во новата сезона.

Негов ривал на „Јунајтед купот“ ќе биде Јижен Жанг, моментално 58. на АТП листата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Пред тоа, Ѓоковиќ во среда во Ријад ќе одигра егзибициски меч против Карлос Алкараз.

Новак потоа ќе отпатува за Перт каде ќе биде дел од српскиот тим на Јунајтед купот.

На „Јујтед купот“ Србија е во група со Кина и Чешка – победниците од сите шест групи плус двете најдобри второпласирани селекции одат во четвртфиналето.

Веднаш по дуелот помеѓу Новак и Жанг, Олга Даниловиќ ќе ги одмери силите против 15-та во светот Кинвен Женг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги дозна противниците во Торино – се падна во група со Алкараз

Одржана беше ждрепката за Завршниот мастерс во Торино, а Новак Ѓоковиќ е сместен во групат…