Откако вчера дозна дека Немања Матиќ се повреди на припремите за српската репрезентација, Оле Гунер Солскјер денес доби нова лоша вест.
Имено, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку ја напушти белгиската репрезентација утрово поради повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лукаку поради повреда на стапалото го пропушти мечот од ФА Купот против Вулверхемптон кој Јунајтед го загуби со 2:1. Сепак, Белгиецот се појави на собирот со белгиската репрезентација, но неговата состојба се влоши.
На Лукаку му беа направени додатни пегледи за да се процени неговата состојба и беше утврдено дека треба да се врати на рехабилитација назад во Манчестер.
Ова е голем удар за Солскјер кој има проблем со повредени играчи, а Лукаку во последно време беше во одлична форма и постигна шест гола на последните чети меча.