Епидемијата од коронавирусот која се појави во Европа направи вистински хаос во спортските натпреварувања.
Тука најмногу се мисли на фудбалските натпреварувања, а овој пат во центарот на вниманието е Лигата на шампионите. УЕФА одлучи поголем дел од реванш натпреварите во осминафиналето да се играат пред празни трибини, дури постои и шанса да се прекине натпреварувањето ако работите не се подобрат кога ќе дојде време за четвртфиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако беше потврдено дека пред празни трибини ќе играат Барселона и Наполи, неколку часа подоцна УЕФА објави и дека иста ќе биде ситуацијата и во Минхен каде што ќе се сретнат Баерн и Челзи.
Овие тимови го играат реваншот наредната среда од 21:00 часот и тој натпревар ќе се игра без публика. Баерн со една нога веќе е во четвртфиналето бидејќи во првиот натпревар во Лондон победи со 3:0.
OFFICIAL: Bayern Munich’s Champions League game against Chelsea at the Allianz Arena will be played behind closed doors. pic.twitter.com/LuyemxOeOK
— FUN88 (@fun88eng) March 10, 2020